Коучинг Групата за поддршка Скопје/ #SkopjeCoachingSupportGroup ве кани на својата месечна средба.
СТАРТ: 19:00 ч

? Претходна регистрација е задолжителна:
http://eepurl.com/gdM_P1

За предавачот

Елена Антоновска е сертифициран Професионален коуч на Ериксоновиот колеџ од Канада, тренер и сопственик на Ars Lucida – Coaching & Training


Elena Antonovska Professional Coach


Таа е Мастер на енергетско исцелување и Ментор за личен развој, при што листата на вештини и методи кои влегуваат во нејзиниот домен на работа е долга, а некои од нив се: CEFE trainer, PCM Coach (Process Communication Model), Wing Wave coach, NLP Practitioner, Regression therapist, Pranic Healing инструктор, Reiki Master, Bach Flower Remedies Practitioner etc.
Нејзиното професионално искуство е стекнато во разни бизнис опкружувања, од државни институции, осигурување, односи со јавност и независна работан на полето на личниот и професионалниот развој, комуникација и коучинг, претприемништво и практични пристапи кон духовноста, енергетската пракса и само-реализацијата.
Од 2007 година нејзиниот професионален правец е потполно ориентиран кон личниот развој и трајната трансформација на поединците и групите, кога за прв пат е основан Центар за личен развој, во кој, во тоа време, беа вклучени само алтернативни методи.

Во меѓувреме ја проширува својата работа во бизнис контекст, во полето на корпоративни и отворени тренинзи од областа на комуникација, продажба и менаџерски вештини, коучинг насочен кон решенија, НЛП, алатки за проценка и обуки за претприемништво.
Денес, Ars Lucida – Coaching & Training во Скопје е местото каде се применуваат вештини, техники, методи и знаења кои ги покриваат сите аспекти на човекот како целина. Активностите во центарот се базирани на мотивација, инспирација, предизвик, поддршка и помош во процесот на самореализација, промена и успех. Спојот на древни и модерни знаења, аплициран во секојдневниот живот во вид на практична духовност, овозможува многу широко делување и опфаќа различни целни групи, а знаењето се пренесува преку индивидуална работа, обуки и работилници од областа на личниот и професионалниот развој.
Во март 2017 година е прогласена за најуспешна жена менаџер за 2016 година од областа на личниот и професионалниот развој.

Прв дел од 19ч до 19 45 Предавање

Што ве очекува во вториот дел на вечерта ?
• безплатни индивидуални или групни коучинг сесии;
• нови контаки
• позитивни емоции;
• нови знаенња за коучинга;
• „Мастермајнд група“ за работа на реални предизвици или дилеми на личен или бизнис план – за членовите на групата

? Резервирајте си го своето место уште сега !

Благодариме за пројавениот интерес за настанот и ве очекуваме!!!!


Прашања во врска со месечно членство во групата упатете го на:
[email protected]

———
?Важни Информации:

1.Предвремената онлине регистрација е задолжителна. Имате две бесплатни предавања, а доколку станете член на групата можете да ги посетувате сите настани еднаш месечно бесплатно.Побарајте информација околу членствата кај еден од офицерите (организаторите) на настанот

2. ЧЛЕНОВИТЕ НА ГРУПАТА МОЖАТ ДА ГО ПОСЕТАТ СЕКОЈ НАСТАН БЕЗ РЕГИСТРАЦИЈА и да доведат БЕЗПЛАТНО свои гости. За регистрација на гостите:
[email protected]

3. Секој што сака да добие бесплатна бесплатна индивидуална коучинг сесија, ве молам да се пријавите на самата регистрација.

——-
Skopje Coaching Support Group
Групата работи по замислата и иницијативата Noble Manhattan Coaching (http://noble-manhattan.com), и одржува месечни настани за подкрепа и развивање на коучингот во Скопје.

Тоа е место кај што луѓето кои се интересираат за личен и професионален развој се дружат и споделуваат идеи. Овие настани се за секого кој се интересира за Коучинг, да добие Коучинг или го интересира нешто повеќе на темата.

Noble Manhattan Coaching (http://noble-manhattan.com) е водечка европска коучинг компанија и е во топ 3 те најдобри во светот.
Основана е во 1993, NMC Ltd е една од најстарите компании и има репутација да создава професионалну Коучеви од највисок ранк. Компанијата нуди најразлични програми за Профеисонален Коучинг и бизнис курсеви, и истите се акредитирани од Британскиот Институт по Лидерство и Менаџмент (ILM) , од Меѓународниот Институт по Коучинг и Менторство (IIC&M), и Меѓународната Коуч Федерација (ICF).

Во моментов компанијата успешно работи во 32 држави, и има обучено над 19 000 професионалци по животен, лидерски и корпоративен коучинг.

Ви препорачуваме 5 бесплатни рапорти– free download https://noblemanhattan.isrefer.com/go/reports-csgskopje/bpPALITRI/

September 26 @ 7:00 pm 9:00 pm

Details

Date:
September 26, 2019
Time:
7:00 pm – 9:00 pm
Cost:
Free
Event Category:

Organizers

Limba Veselinovikj
Noble Manhattan

Hotel Karposh

Macedonia